Квалитетот на медицинскиот производ во голема мера зависи од условите на околината за складирање. Природни причини/фактори или човечка негрижа може да создадат непотребна ситуација која предизвикува температурни екскурзии – отстапувања од пропишаните температурни вредности. Најважниот параметар кој има значителен потенцијал да влијае на квалитетот на медицинските производ е температурата. Ако при температурните екскурзии не се постапува систематски, може да има негативно влијание врз квалитетот на производот. Контролата на условите за складирање и транспорт е еден клучен елемент за постигнување на оваа цел. Температурната екскурзија е отстапување од дадените упатства и не се ретки настани за време на транспортот. Оттука, транспортот е ставен како еден од најмалку доверливите фармацевтски процеси. Регулатива и водичи во оваа област не се добро дефинирани, но сепак фармацевтските компании мора да ги преземат неопходните чекори за одржување на квалитетот на комерцијалните производи за време на транспортот и дистрибуцијата. Потребно е јасно да се разберат последиците од температурните екскурзии за време на складирањето и транспортот на производите од нивното место на производство до крајниот корисник-пациентите. Да се направи проценка дали достапните податоци за стабилност се доволни за да се решат потенцијалните температурни екскурзии. Кога условите за транспорт отстапуваат од наведените вредности, постои здрава основа да се одлучи дали серијата лек ќе биде ослободена.
Mitrevska et al. (Sat,) studied this question.