Абдоминалните хернии претставуват чест медицински проблем. Околу 10% од популацијата во тек на животот ќе добие некаков вид на абдоминална хернија. Кај машката популација животниот ризик за ингвинална хернија изнесува 27%, што е еден од најчестите хириршки проблеми. Вентралните и инцизионални хернии претставуваат проблем од аспект на трошоците за нивниот тетман и честите компликации и рецидиви. Посебен проблем претставуваат т.н. комплексни хернии, овде спаѓаат хернии кои се неколку пати повторувани (мултипни рецидиви) и хернии кои се поврзани со подолготрајно излегување – протрузија на абдоминалните органи или ткива низ килниот отвор Цел на секој третман во медицинатаа е да има стандардизиран, рутинизираан протокол кој овозможува овторливост на резултатите. Да биде минимално инвазивен доколку може да се изведе и да има што помалку компликации. Третманот на херниите бара сериозен пристап и процена. Треба да се има предвид дека секој пациент е посебен случај, односно да се има индивидуален пристап кон секој пациент и проблем. Соодветната предоперативна подготовка, испитувањата и предоперативниот план се од особена важност за да имаме оптимална поправка во првиот обид.
Aleksandar Mitevski (Thu,) studied this question.