Бисфосфонатната остеонекроза на вилиците (BRONJ Bisphosphonate related osteonecrosis of the jaws) се дефинира како изложена (експонирана) коскена површина или дел од коска во подрачјето на максилофацијалната регија, што не зараснува во период од 8 недели и покрај дадената терапија, кај пациенти кои примале или примаат бисфосфонати и не биле изложени на радиотерапија во тоа подрачје.Во последните години се забележува драматично зголемување на бројот на извештаи во кои се опишуваат случаи на некроза на вилиците поврзана со администрација на бисфосфонати. Особено се потенцира дека бисфосфонатите кои содржат азот (амино група) имаат поголема веројатност за развој на бисфосфонатна остеонекроза. Забележано е дека бисфосфонатната остеонекроза може да се развие спонтано или да биде поврзана со изведување на одредени дентални прецедури, како што се екстракции на заби или носење на протези. Превенцијата на BRONJ започнува со сознанието дека пациентите кои примаат бисфосфонатна или терапија со антиресорптивно или антиангиогено дејство може да имаат изменета коскена способност за заздравување на раните, што исто така може да биде ризик за развој на BRONJ, односно MRONJ (Medication related osteonecrosis of the jaws). Затоа е многу важна интердисциплинарната соработка во превземањето на соодветни превентивни мерки за да се минимизира ризикот од појава на бисфосфонатна остеонекроза на вилиците (BRONJ). Ова бара континуиран напор за едуцирање на пациентите, стоматолозите и медицинските професионалци за реалните ризици поврзани со овој тип на терапии, со цел превенција од негов развој.
Mirjana Markovska Arsovska (Fri,) studied this question.