Цел: Ефикасноста и безбедноста на новите лекови (еднаш неделен субкутан семаглутид (OWSem) и емпаглифлозин (Empa)) беа анализирани кај пациенти со дијабетес тип 2 (T2DM) во Клиничката болница во Штип, Р.С. Македонија. Материјал и методи: Сто дваесет и еден пациент лекувани за прв пат со OWSema или Empa беа ретроспективно анализирани. Се следеше гликемиската контрола, серумскиот креатинин, намалувањето во телесната тежина, присутните коморбидитети и евентуална хоспитализација за време на третманот. Резултати: Помеѓу 61 пациент третиран со OWSema и 60 пациенти третирани со Empa, немаше статистички значајни разлики во возраста, полот, индексот на телесна маса, времетраењето на дијабетот и бројот на пациенти третирани со инсулин. Двата лека (OWSema и Empa) постигнаа статистички значајно намалување на HbA1c по 6, 12 и 18 месеци (9,2; наспроти 7,6; 6,7; 6,6 и 9,3; наспроти 7,5; 7,2, 7,5%, соодветно) третман. Немаше разлики во вредноста на серумскиот креатинин помеѓу посетите во двете групи. Во периодот од 2 години починале 3ца пациенти (5%) со повеќе коморбидитети од групата Empa. Еден пациент од групата Empa беше хоспитализиран поради акутен пулмонален едем и двајца од групата OWSema поради TIA и акутен коронарен синдром. Просечното намалување на тежината беше поизразено во групата OWSema (6,0 наспроти 4,0 kg). Пет пациенти го прекинаа третманот со Empa на почетокот поради некомплицирана уринарна инфекција, а еден го прекина OWSema поради гастроинтестинална нетолеранција. Осум пациенти не ја толерираа дозата од 1 mg и продолжија со 0,5 mg OWSema. Заклучок. Субкутаниот семаглутид и емпаглифлозин се ефикасни и безбедни за третман на Т2ДМ.
Nakova et al. (Sat,) studied this question.