Електронската литература и/или дигиталната литература е жанр на литература што опфаќа дела создадени исклучиво на и за дигитални уреди, како што се компјутери, таблети и мобилни телефони. Сепак, интернетот е сосема поинаков медиум во однос со книгата. Луѓето денес слободно ги изразуваат своите мисли користејќи електронски медиуми како што се блоговите и социјалните мрежи. Технологијата денес, исто така, овозможува кореспонденција еден-на-еден помеѓу авторот и читателот, поедноставувајќи го пристапот и разбирањето на литературата од страна на студентите, истражувачите и читателите. Дигиталната технологија и медиумите нудат нови начини за производство на литературни дела, но тие исто така бараат од писателите да развијат различни стилови, техники, вештини, методологии и конвенции на комуникација, меѓу нив и нивните читатели, а исто така и меѓу нив и нивното дело. Бесконечните можности предложени од технологијата и медиумите го револуционизираат процесот на културна продукција, вклучувајќи го и создавањето литературни дела. Клучни зборови: електронски медиум, електронска литература, културна продукција
Sarafova et al. (Thu,) studied this question.