Саркопенијата претставува состојба која се карактеризира со прогресивна загуба на мускулна маса и сила, која вообичаено се јавува кај постари лица. Суплементите со β-хидрокси-β-метилбутират (HMB) се применуваат за поддршка на мускулното здравје кај пациенти со оваа состојба. Целта на овој труд е да се направи преглед на познатите ефекти на HMB кај саркопенични пациенти, користејќи литература од релевантни извори, со пребарување по клучни зборови. Како метаболит на леуцинот, HMB стимулира протеинска синтеза преку активација на mTOR патеката и го инхибира мускулниот катаболизам преку намалување на активноста на системот за деградација на протеините во клетката. Спроведените клинички испитувања покажуваат дека суплементацијата со HMB, особено во комбинација со структурирана физичка активност, можат значајно да ја подобрат мускулната сила, функционалната подвижност и квалитетот на живот, особено кај постари лица со саркопенија. Утврдено е дека дневни дози од 2 до 3 g се ефикасни, со минимални несакани ефекти, а суплементацијата покажува синергетски ефект со адекватна исхрана богата со протеини. Утврдено е и дека HMB може да влијае врз намалување на маркерите на воспаление, како што е C-реактивниот протеин, што е важно, особено кај оваа популација. Ефектите од суплементацијата со НМВ кај саркопенични пациенти зависат од возраста, стадиумот на болеста, нутритивниот статус и комбинираните придружни интервенции, вклучувајќи исхрана и вежбање. Иако податоците се охрабрувачки, потребни се долгорочни истражувања за оптимизација на терапевтските протоколи и проценка на безбедноста при продолжено користење на суплементи кои ја содржат оваа супстанција.
Gjorgjieva et al. (Sat,) studied this question.