Инсектите (класа Insecta) се група членконоги што имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, гради и стомак), три пара членести екстремитети, еден пар сложени очи и две пипала. Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со повеќе од еден милион опишани. Инсектите најверојатно еволуирале од примитивни многуноги (Arthropoda: Myriapoda) за време на Силур, пред околу 400–440 милиони години, кога траxеофитите штотуку го колонизирале копното, обезбедувајќи нови извори на храна и засолниште.Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на егзоскелетот, со надворешен слој од восочна кутикула за да се минимизира исушувањето.Иако не постојат фосилни пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите шестоноги. Во текот на својата долга еволуција, инсектите воспоставиле сложени односи со растенијата и животните, меѓу кои и со човекот. Низ историјата, односот меѓу човекот и инсектите се развивал во две насоки, како соработка и корист, но и како борба и заштита од нивните штетни последици. Од античките цивилизации до денес инсектите имале значајна улога – од симболика и економска корист, до закани за здравјето и храната. Низ вековите, човекот научил дека наместо во уништување, клучот лежи во соработка и одржливо управување со популациите инсекти. Историјата покажува дека иднината на човекот и инсектите е нераскинливо поврзана, а разбирањето на таа врска е основа за еколошка рамнотежа и биолошка безбедност. Денес, разбирањето на овој сложен однос има практично значење за современата заштита на растенијата и биолошката контрола.
Kostova et al. (Sun,) studied this question.