Лековите се карактеризираат со својата ефикасност, квалитет и безбедност. Фармацевтската индустрија е строго регулирана, со уште построги барања што доаѓаат секој ден, кaдe што од големо значење е фармаковигиланцата. Фармаковигиланца е систем кој се применува за откривање, собирање, следење, процена и обезбедување на соодветност на новите податоци за безбедноста на лекот и на односот ризик - корист во врска со употребата на лекот или неговата интеракција со други лекови. Целите на фармаковигиланцата се промовирање на рационална, безбедна и ефикасна употреба на лекови, спречување на штети од несакани реакции, минимизирање на ризиците и придонес кон заштитата на пациентите и јавното здравје. Тука клучна улога и одговорност треба да имаат фармацевтите, бидејќи нивната експертиза вклучува снабдување и издавање на лекови, проценка на здравјето, стручна едукација и советување, професионално менаџирање на терапијата, превенирање на можни грешки од употребата на лековите, интеракции и други несакани реакции. Фармацевтот треба да има и познавања за хербалните препарати и додатоци на исхрана, бидејќи е можна нивна интеракција. За да може фармацевтот да одговори на овие барања, многу е важна додипломската едукација, исто така и континуираната едукација, за жал може да се констатира дека фармаковигиланцата како посебна тема е многу слабо застапена. Пријавувањето на несакани реакции во Северна Македонија е на ниско, незадоволително ниво во споредба со останатите држави. Сите учесници во здравствениот систем, вклучувајќи ги тука фармацевтите заедно со другите здравствени работници, како и образовните системи, треба активно да спроведуваат едукација и имплементирање на програми за континуиран професионален развој и зајакнување на теоретското и практичното знаење од овој значаен сегмент.
Marjan Dzeparoski (Sat,) studied this question.