Во современото дигитално општество, социјалните мрежи стануваат сè повлијателен извор на информации, вклучително и на здравствени совети и препораки за употреба на лекови. Ова истражување имаше за цел да го испита влијанието на социјалните мрежи врз користењето на лекови без рецепт, особено кај младата популација. Преку онлајн анкета која беше спроведена со Cross-sectional study методологија преку Google Forms платформата и беа собрани податоци од 32 учесници, при што најголемиот дел се млади лица на возраст од 18 до 25 години. Резултатите покажуваат дека голем број од испитаниците дневно поминуваат значајно време на социјалните мрежи и често се информираат за лекови без рецепт (OTC) преку платформи како TikTok, Facebook и Instagram. Забележливо е дека дел од нив прибегнуваат кон употреба на лекови врз основа на вакви информации, без претходна консултација со здравствен работник. Сепак, многу од испитаниците и тоа 75%, исто така покажуваат свесност за потенцијалните ризици и потребата од регулација на здравствената содржина која е достапна онлајн. Ова истражување го нагласува значењето на едукацијата за правилна и безбедна употреба на лекови, како и потребата од соодветна контрола и надзор врз здравствените информации што циркулираат на социјалните мрежи. Клучни зборови: лекар, лекови без рецепт, онлајн, социјални мрежи, фармацевт.
Stoilova et al. (Sat,) studied this question.